Необичен посетител, суперхеројот Спајдермен денеска се појави на јавно обраќање на папата во Ватикан.

Имено, човек во тесен костум од овој стрип јунак седеше во ВИП делот за публиката во дворот Сан Дамасо, пренесува „Ројтерс“.

Спајдермен мирно седеше до свештеник облечен во црно, кој изгледаше дека воопшто не е вознемирен или зачуден од присуството на шарената маска со големи бели очи.