Повторното собирање на „Битлси“ ќе се случи на 7 јули, кога сер Пол Мекартни ќе му се придружи на сер Ринго Стар за неговиот 80-ти роденден, пренесува „Експрес“.

Од смртта на Џон Ленон и Џорџ Харисон, преживеаните „Битлси“ Мекартни и Стар повремено се соединуваат. И двајцата присуствуваа на премиерата на документарниот филм „Осум дена во неделата“ во 2016 година, каде и двајцата се протагонисти. Ринго Стар во декември 2018 година, му се придружи на Пол Мекартни на сцената за време на неговиот последен настап во арената „О2“.

Големото добротворно шоу на Ринго ќе се емитува на неговиот канал на Јутјуб на 8 јули во 1 часот по полноќ.

Очигледно, поради пандемијата, тие нема да можат физички да се соединат. Не се знае дали тие ќе настапат заедно или одделно за време на концертот.

На ова јутјуб-шоу ќе се појават и настапат: Џо Волш, Бен Харпер, Шерил Кроу, Гери Кларк јуниор и Шила Есковедо.

Приходите од големото роденденско шоу на Ринго Стар ќе бидат наменети за глобалната мрежа „Црните животи значат“, „Фондацијата Дејвид Линч“, „Мјузикерс“ и „ВотерЕјд“.