Задолженијата на факултетите честопати ја тестираат снаодливоста на студентите. Но, понекогаш одредени студенти се решаваат на храбри постапки кои би можеле да доведат до паѓање на предметот кој е во прашање. За среќа, постојат професори кои ја препознаваат и поддржуваат смислата за хумор на некои од нивните студенти.

Таков е случајот со Алисон Гарет, која на Твитер го сподели својот есеј кој брзо стана популарен на социјалните мрежи. Таа требало да напише есеј од 500 зборови за филмот „Боречки клуб“, но решила да напише само една реченица. Таа го напишала единственото правило на клубот. Секој кој го има гледано филмот би знаел за што станува збор. 

Нејзиниот есеј со наслов „Боречки клуб“, за кој ги освоила сите 100 бодови, гласел: „Првото правило на Боречкиот клуб е – не зборуваш за боречкиот клуб.“