Јапонскиот хотел „Нишијама Онсен Кијанкан“ работи повеќе од 1.300 години, а со него управува исто семејство.
Хотелот почнал да работи во 705 година и до денес прима гости благодарение на 52-те генерации од истото семејство. Во 2011 година, овој хотел беше запишан во Гинисовата книга на рекорди како најстар во светот. Во Јапонија се наоѓа и вториот најстар хотел во светот, наречен „Хоши Рајокан“, кој исто така е наведен во споменатата книга.
„Нишијама Онсен Кијанкан“ се наоѓа во подножјето на планината Акаиши во префектурата Јаманаши, а своите врати ги отворил пред 1.316 години. Хотелот се снабдува со термичка вода директно од локалните извори Хакухо, така што гостите можат да уживаат во топли бањи во секоја соба, но и јавни бањи што ги делат гостите во главните делови на хотелот.
Досега тој бил реновиран неколкупати, а последно во 1997 година. Меѓутоа, и покрај реновирањето, хотелот ги задржал својот традиционален изглед и стил, татами-подлогата, класичниот мебел во секоја просторија, како и собите со јапонска уметност. Безжичен интернет е воведен дури во 2019 година и гостите можат да го користат доколку сакаат, а опцијата е да се одморат од своите уреди во релаксирачка атмосфера, уживајќи во погледот, бањите и слично.