Ракетата Сојуз, која синоќа полета од Гвајана, успешно во орбитата го лансираше Метоп-Ц, метеоролошки сателит на европската агенција Еуметстат, одговорна за развој на метеоролошките сателитски системи, информираше комерцијалната компанија Аријанаспејс, која ги лансира сателитите.

Сојуз полета синоќа во 21:47 по локално време(1:47 по средноевропско) од лансирниот центар во француска Гвајана.

Одвојувањето на сателитот е реализирано според предвидувањата, еден час по полетувањето.

Сателитот Метоп-Ц е трет и последен сателит од програмата посветена на применетата метеорологија, соопшти Аријанаспејс.

Мисијата на сателитот метоп е следење на метеоролошките прогнози од 12 часа до десет дена однапред.