Еден од сомнителните пакети, кои изминатите два дена се испраќаат на адреси на политичари од Демократската партија во САД, но и новинари, бил пронајден денеска во близина на ресторан на Менхетен, сопственост на Роберт де Ниро.

Подрачјето било опколено од полицијата, која не дозволува пристап.

Де Ниро важи за еден од најголемите критичари на актуелниот американски претседател Доналд Трамп. Тој на национална телевизија при доделување на награди го опцу американскиот претседател, а овој му возврати нарекувајќи го „поединец со многу низок коефициент на интелигенција“.