Според истражувањето спроведено на околу 185 милиони испитаници, просечното време на едно лице што конструктивно го поминува работејќи на дневно ниво е нешто помалку од три часа. Затоа, ако добро го испланирате денот, тие три часа во кои планирате да бидете најпродуктивни нека бидат додека вашето дете спие, игра или учи

Работата од дома, на краток рок, претставува предизвикувачка и возбудлива промена во секојдневниот живот, но што ако тој период се продолжи на неколку недели и вашите деца се дома во исто време? Низ целата земја, училиштата се затворени. Децата ги следат часовите преку мрежни платформи и телевизиски програми, а повеќето компании им дозволија на своите работници да работат од дома, за да се изолираат и да се спречи ширењето на коронавирусот. Усогласувањето на семејното дружење, времето поминато со децата и посветувањето на работата е првиот чекор во ненадејната изолација, на кој многумина наидоа во последните денови.

Според прилозите, децата понекогаш треба да сфатат дека не можат секогаш да го имаат вниманието на своите родители, а на родителите им останува да се обидат да им го објаснат тоа со мирна совест и мирен тон.
Друга важна работа – кога го планирате дневниот ритам, вклучете ги и децата. Заедно наутро подгответе дневен план и утврдите кога е време за игра со нив. Притоа, предупредувајте ги за времето кога треба да се посветите на својата работа, за да немате проблеми подоцна. На тој начин, ги вклучувате во секојдневниот процес, па затоа ќе им биде полесно да разберат дека понекогаш треба сами да се забавуваат. Неколку совети ќе ви помогнат за да го направите успешен целиот процес на усогласување на вашата работа од дома и времето поминато со вашите деца.

Според истражувањето спроведено на околу 185 милиони испитаници, просечното време на едно лице што конструктивно го поминува работејќи на дневно ниво е нешто помалку од три часа. Затоа, ако добро го испланирате денот, тие три часа во кои планирате да бидете најпродуктивни нека бидат додека вашето дете спие, игра или учи.
Иако не е омилена опција за многумина, станувањето рано може да биде големо поттикнување за продуктивно утро. Ако повеќе сте вечерен тип, тогаш оставете го најважниот дел од работата за делот од денот кога вашите деца одат на спиење.
Наутро децата се исклучително активни. Затоа, би било добро, ако можете, тој дел од денот да им го посветите ним. Пред ручекот, погрижете се да одвоите добро време за играње или за одење во природа и кога по ручекот ќе заспијат, искористете го тоа време за вашата работа.

Единствено што е доследно во комбинацијата на работата од дома и дружење со децата е – недоследноста. Да се има добро осмислен и организиран план е одличен почеток, но непредвидените ситуации и неисполнетите дневни цели не треба да ве извадат од колосек.
Деновите понекогаш можат да бидат исклучително кратки и за да предвидите нерамнотежа во вашиот дневен план, фокусирајте се на вашите неделни цели. На неделно ниво, поделете си ги задачите на оние на кои не им треба многу време и напор и на оние на кои треба поинтензивно да се посветите.
Работата од дома е предизвик само по себе, а кога во тоа го вклучуваме и времето поминато со децата, работите понекогаш излегуваат од контрола.

За вашата нова работна атмосфера да не ви создаде дополнителен стрес и сè уште да се чувствувате дел од вашиот тим за работа, воспоставете комуникациска мрежа со колегите.
Децата не ја гледаат вашата работа од дома на ист начин како и вие. За нив, тоа е време за заедничко дружење и играње, без оглед колку пати ќе им повторувате дека, сепак, треба да зборувате приватно или да напишете нешто на вашиот компјутер. Иако оваа комбинација ќе ви изгледа многу потешка од вообичаеното, обидете се да извлечете максимум од ситуацијата. За почеток, фокусирајте се само на позитивните работи на изолацијата и работата од дома, и размислете за лична организација и трошење квалитетно време на двата фронта.

Во утринските часови, додека децата сè уште спијат, направете го важниот повик со клиентот. Пуштете си музика пред ручекот и оставете ги вашите деца да научат нови чекори за танцување. Ручајте заедно и кога децата ќе заспијат, одвојте време да ја насочите вашата енергија да работат конструктивно. Во изолација, во која имаме можност да се освестиме колку се важни некои работи во животот, искористете го тоа на повеќе начини.