Деновиве, успешно заврши снимањето на краткометражниот игран филм „Прашливи цвеќиња“, дебитантско остварување на режисерот Мирослав Илиќ, во продукција на невладината организација ИПМД, во соработка со МАРСБЕН и факултетот за aудиовизуелни уметности ЕФТА.

Снимањето се одвиваше седум дена, од 22 до 29 август, на локации во скопските населби Аеродром и Центар, а некои сцени се снимени на висококатниците во Аеродром, „Џеваир скај сити“, во поликлиниката „Промедика“ и на други места. Филмот веќе е во постпродукција.

Актерската екипа во филмот ја сочинуваат професионални актери: Сара Анастасовска, Стефан Вујисиќ, Арна Шијак и Христина Цветаноска.
Дона Дамеска е директорка на фотографија, Владимир Владимиров е кастинг-директор и прв асистент на режија, а Моника Павловска и Мила Гавриловска се авторки на сценографијата. Дел од филмската екипа се и Ана Тренковска, задолжена за шминка, Драган Христов задолжен за костимографијата, Новица Крстиќ во својство на мајстор на тон, Румена Шопова како втор асистент на режија, Мартин Михајлов како камера-оператор, Дејан Михајлов како фотограф на сет. Продуцент на филмот е Нена Минчев.