Откако оскаровскиот режисер Дени Бојл го напушти проектот, 25-от „Џејмс Бонд“ филм се соочува со нови проблеми… Снимањето најверојатно ќе се одложи, а тоа е поради други обврски на Даниел Крег, објави „Дејли Меил“.

Имено, според „Сан“, глумецот од ноември почнува со снимање на мистеријата „Knives Out“, па токму тоа може да биде причина за поместување на продукцијата на „Бонд“.

Познавачите пак, коментираат дека ова одложување може да биде и на подолго време.