Снимањето на повратничката епизода на „Пријатели“ ќе почне најрано во април, по неколкуте одложувања, откри Дејвид Швимер во радио-гостување на „Сириус екс-ем“.

Првично беше предвидено специјалната епизода да се емитува на 20 мај минатата година на „Ејч-би-о макс“. Последната епизода на една од најпопуларните телевизиски серии беше емитувана пред 17 години.

– Конечно, ќе се случи. За помалку од еден месец патувам за Лос Анџелес. Најдовме начин како безбедно да снимаме и добар дел ќе се снима на отворено поради протоколите за заштита – рекол Швимер кој ја глуми улогата на Рос во „Пријатели“.

Педесет и четиригодишниот актерот зборувал и за шпекулациите дека во епизодата ќе има познат телевизиски водител.

– Можам само да ви кажам дека нема да бидат Елен Деџенерис и Били Кристал – рекол тој.

Уште не е познато дали априлското снимање ќе се случи пред публика во живо и кога ќе биде објавена епизодата.