Одличен начин да започнете ден полн со енергија е со смути од јаболко и банана.

Потребни состојки:
• 1 црвено јаболко
• 1 банана
• 600 млг јогурт 0,5 масленост
• 100 млг млеко 0,5 масленост
• 20 бадеми
• 1/2 кафена лажичка цимет
• 1-2 коцки мраз

По желба можете да додадете листови од спанаќ или шумски плодови, ако сакате да ја подобрите хранливата вредност на овој вкусен смути.

Подготовка:
Јаболкото и бананата исечете ги на парчиња, потоа заедно со другите состојки ставете ги во блендер и миксајте 30 секунди се додека не добиете густа смеса. Украсувате по желба со било кое овошје или зеленчук. Можете да го пиете 3 пати на ден наместо ужина или замена за оброк.

Нутритивни вредности на чаша од 230 мл :

Енергетска вредност: 153 kалории
Протеини: 9,3 гр
Масти: 24,3 гр
Јаглехидрати: 4,6 гр