Смоквата е позната уште од библиските приказни. Според списите и цртежите, може да се заклучи дека уште во античко време се користела во исхраната, но и како лек, па дури ѝ се припишувале и митски особини. Се смета дека ова овошје потекнува од Турција и северна Индија, а најмногу се одгледува во областа околу Средоземно Море и во топлите краеви на Америка и Бразил.

Плодот на смоквата содржи малку калории, но многу корисни состојки за човечкиот организам. И современите истражувања потврдуваат дека смоквата е здрава храна. Таа е богата со природни шеќери, витамини, минерали и олиго-елементи, но и со влакна и разни етерични масла.

Само некои од состојките на смоквата се: полифеноли, бета-каротин, растителни масти и масла, витамини (А, Б1, Б5, Б9, Б12, Ц, Е и П), метали во потребните микроколичества (бакар, железо, калиум, калциум, магнезиум, манган), фосфор, селен, ензими и разни олиго-елемeнти. На смоквата ѝ се припишуваат и мнoгу лековити својства. Таа важи и за афродизијак, се користи и против импотентност и неплодност, дејствува поволно кај некои видови канцер, а ги намалува и проблемите со варењето, со дишењето, кардиоваскуларните проблеми, ги подобрува концентрацијата и паметењето, ја смирува нервозата…