Сликата со гола жена како лежи на грб на италијанскиот уметник Амедео Модиљани е проценета на 150 милиони долари.

Од аукциската куќа „Сотби“ соопштија дека делото од 1917 година познато како „Nu Couche“ (Лежечка голотија) претставува најскапа слика од овој автор некогаш понудена на аукција.

– Модиљани наведува дека неговите модели зрачат со својата сексуалност. „Nu Couche“ е неверојатно сензуална слика и е многу иновативна за периодот во кој е создадена – истакна Симон Шо, извршен директор во „Сотби“.

Модиљани во почетокот на 20-от век ја шокирал тогашната јавност со сликите на кои се прикажани голи женски тела.