Писмо открива

Писмото што го напишале Винсент ван Гог и Пол Гоген, во кое се опишуваат нивните посети на борделите и зборуваат за иднината на уметноста, е продадено на аукција за 210.600 евра. Кореспонденцијата на двајцата сликарски гении, премина од приватна збирка во постојаната колекција на Музејот на Ван Гог во Амстердам, кој го купи писмото од 19 век.
Во писмото од 1888 г. сликарите заедно му пишуваат на својот современик Емил Бернард, ентузијастичко споделувајќи впечатоци од своите посети на борделите, при што Ван Гог сугерира дека мора почесто да ги посетуваат за да работат таму, со намера – најпосле да сликаат жени што не се срамат!

– Гоген во моментов работи на платно на истата ноќна кафеана што јас ја сликав, со ликови видени во борделите. Тоа би можело да биде прекрасно дело – пишува Ван Гог.
Фондацијата на Ван Гог соопшти дека ова писмо е најважниот документ на сликарот, кое не го поседува ниеден музеј и дека тоа е единственото писмо што го напишал заедно со Гоген.

– Нивниот уметнички дијалог бил незапирлив тие денови и дури продолжувал во борделите – наведуваат од Музејот.
Ван Гог го опишува Гоген како „нерасипано суштество со инстинкти на дива ѕверка“. Кај Гоген, според него, крвта и сексот имаат предност над амбицијата.