Рап артистот Марко Маринковиќ- Слаткаристика утре официјално ќе се приклучи на Здружението за канабис и зелени политики „Билка“, каде и ќе го промовира својот нов видео запис за песната “I wanna get high”.

Здружението за канабис и зелени политики „Билка“ Скопје утре со почеток во 13 часот во малата сала на Универзална сала, промотивно ќе го прикаже вториот дел од кампањата со јавни личности “Декриминализација СЕГА!”, како и мини прес-конференција со презентирање на идните планови на Здружението.

На овој настан специјален гостин ќе биде Марко Маринковиќ- Слаткаристика, кој официјално ќе се приклучи на тимот на „Билка“ со заложби за остварување на целите на Здружението, а наедно и ќе го промовира неговиот нов сингл со видео запис за песната “I wanna get high, кој е снимен во Амстердам, Холандија.

На самиот крај ќе биде презентирано и првото видео од вториот дел на кампањата „Декриминализација сега“, токму со господинот Маринковиќ.