Најплатениот актер на светот, Џони Деп (55) се почесто губи контрола врз себе, а последната жртва на неговиот темперамент е локацискиот менаџер на филмот „LAbyrinth”.

Имено, Деп збеснал откако градските власти не дозволиле дополнителен половина час снимање на улиците. Човекот задолжен на тоа му рекол на глумецот дека тој мора да ги слуша своите надредени, на што Деп почнал да го удира.

Очевидци тврдат дека Деп дошол на снимањето прилично пијан, а откако го раздвоиле од  „противникот“, му дофрлувал: „Удри ме ако смееш, еве ти 100.000 долари”.

Деп се соочува и со обвиненија од поранешните телохранители, кои наведуваат дека „ги третирал како дадилки“ и не ги плаќал редовно.

– Му го бришевме белиот прав околу носот, за луѓето да не забележат дека се дрогира. Не само што внимававме на него и неговото расипништво, како што тој бараше, туку моравме да бидеме и „дадилки“ на неговите деца, што секако, не беа наши задолженија- тврди еден од телохранителите.