Речиси секое петто дете во Србија има вишок килограми, осум отсто од нив се дебели, а бројот на дебели деца од година во година постојано се зголемува.

Неправилна исхрана, брза храна, газирани сокови и слатки, но и слабата физичка активност се главни виновници за таквата состојба со децата во школска возраст, јави Танјуг.

Истражувањата на Институтот за јавно здравје покажуваат дека 43 отсто деца секој ден јадат слатки, при што секое четврто дете јаде слатки повеќе пати во денот.

Навика секој ден да јадат јаболко или крушка или кое било друго овошје има секој петти ученик, но затоа исто толку од нив пијат газирани сокови.