Двата фестивала „Скопје саундс гуд“ и „Скопје колинг“, кои беа откажани поради деновите на жалост, по катастрофалниот пожар во Тетово, ќе се одржат во форма што е единствено можна во овој момент. На 29 октомври ќе прозвучи „Скопје колинг“, на кој ќе настапат „Буч Кесиди“, „Ниплпипл“ и „Фанк шуи“. Утредента, на 30 октомври, ќе се одржи македонско издание на „Скопје колинг“, исклучиво со домашни диџеи, и тоа Галоски, Сирилик, Крис Ј. и Јана Слави.
Со ваквото одржување на „Скопје колинг“ не само што имаме можност за добра забава туку им даваме шанса и на македонските артисти да настапуваат под овој сериозен фестивалски бренд – велат од продукцијата „Авалон“.
И двата настана ќе се случуваат во Младинскиот културен центар во Скопје, во согласност со актуелните протоколи за одржување јавни настани, а влезниците се пуштени во продажба во ограничен број.