Годинашниот фестивал „Скопје колинг“ ѝ се враќа на електронската форма и ќе се одржи на старата локација, стадионот на АРМ во Скопје, на 5 јуни, со музичка понуда приспособена за сите генерации љубителите на електронската музика.

Фестивалот ќе го отвори дуото „Сирилик“, а по него доаѓа диџејот познат по добрата забава во Охрид, Морис Вест. Еден од најактуелните светски хит-мејкери, диџејот Махмут Орхан, доаѓа првпат во Македонија на голема сцена, а главни изведувачи на вечерта се „Вини Вики“, големите ѕвезди на џиновските светски електронски фестивали.

Честа да го затвори фестивалот ќе ја има нашиот Кирил Џајковски.