На платото пред Универзалната сала во Скопје, местото каде Ѓорѓе Балашевиќ одржа голем број незаборавни концерти, стотици скопјани, чија бројка постојано се зголемува, моментно му оддаваат почит на легендарниот балкански кантавтор кој почина вчера во Нови Сад, во 67. година, од ковид-19.

На голем екран се редат неговите фотографии, додека во позадина оддекнуваат неговите најголеми хитови. Негови обожаватели од сите генерации оставаат цвеќе, кадифени играчки, мандарини, палат свеќи и со солзи во очите споделуваат спомени за својот омилен пејач, чии песни се дел од нивните животи.

Слична е сликата во сите поголеми градови во некогашна Југославија, која со заминувањето на Балашевиќ, како уште еднаш да се обедини во болката. М.Т.