Фото: Стефан Рајхл

Многумина дојдоа на концертот да се потсетат на песните на легендарните „Пинк Флојд“, што им ја одбележала младоста, но имаше и многу млади луѓе кои талкајќи низ музичките лавиринти ја отвориел вистинската врата од која се уште бликаат вонвременските психоделични рок-теми на: Вотерс, Гилмор, Рик и Мејсон.

Празник за очи и уши, магичен удар на сите сетила, синхронизирана игра на музиката и на светлото, спектакулано шоу какво што не сме виделе во Скопје….се само дел од впечатоците, по синоќешниот концерт на бендот „Брит Флојд“, што се одржа во арената „Борис Трајковски“.

Деветтемина членови на групата, која важи за најдобар трибјут бенд на легендарните „Пинк Флојд“, на чело со основачот Демијан Дарлингтон, на својата прва средба со скопската публика, што се одржа во рамките на актуелната светска турнеја „The Eclipse Tour“, за време на тричасовниот концерт маестрално ни ги презентираше најголемите хитови на една од петте највлијателни светски групи на сите времиња. Слушнавме музика, која очигледно сè уште е актуелна, па и иновативна, како и на почетоците, а визуелните перформанси по кои беа познати „Пинк Флојд“ на своите концерти, сега ги приредуваат оние што продолжија да ја раскажуваат нивната приказна.

Бидејќи поводот за турнејата е одбележувањето на 45 години од издавањето на албумот „The Dark Side of the Moon“ од 1973. г., продаден во над 45 милиони примероци, слушнавме повеќе нумери од овој култен носач на звук, но и други кои ја обележаа успешната кариера на групата, објавени од 1967., кога го издадоа деби албумот „The Piper at the Gates od Dаwn“, па се до последниот „The Endles River“ во 2014 година. Инаку „Пинк Флојд“ досега продале 250 милиони албуми, а во „Рокенрол куќата на славните“ влегоа 2005 година.

Во салата имаше околу 3.000 почитувачи на „Пинк Флојд“, повеќето припадници на средната генерација, кои плочите на бендот сè уште ги чуваат како реликвија, ги знаат напамет стиховите на песните, кои за многумина се цела животна филозија, мала триминутна револуција и бунт, став дека музиката, сепак може да го смени светот.

Па иако многумина дојдоа да се потсетат на песните што им ја одбележала младоста, имаше и многу млади луѓе кои талкајќи низ музичките лавиринти ја отвориел вистинската врата од која се уште бликаат вонвременските психоделични рок-теми на: Вотерс, Гилмор, Рик и Мејсон.

И кога околу 21 часот, одекнаа првите звуци на „Shine On You Crazy Diamond“, „Division Bell“, „High Hopes“ и „Another Brick In The Wall“…, а светлосните ефекти почнаа да се испреплетуваат со музиката, додека во позадината на тркалензиот екран еден по друг се емитуваа видео-приказните на „Пинк Флојд“ за песните што ги слушавме, присутните прво беа вчудовидени од квалитетот на звукот, каков што ретко сме слушнале на концерти, а потоа едноставно со големо внимание, сакајќи што поверно да ја запаметат убавината на мигот, му се препуштија на аудио-визуленото задоволството.

И во тој момент не беше важно дали се на концерт на „Пинк флојд“ или на трибјутот бендот од Ливерпул „Брти флојд“, чиј членови и овојпат безрезервно му оддадоа почит на славниот бенд чија музика ја презентираат низ целиот свет.

Во првиот дел на концертот ги слушнавме и: „Mother“, „ Money“ и „Pigs“, кога на сцената се појави и голема фигура на свиња со светликави очи. Публиката се повеќе се слеваше со неповторливата атмосфера, а сојузништвото се зголеми откако членовите на „Брит Флојд“ ги поздравија присутните на македонски, изразувајќи задовослтво што се првпат во Скопје. Во текот на концертот тие ја пофалија и музикалноста на публиката, за која рекоа дека е меѓу најдобрите и оти се сигруни дека ќе дојдат повторно. Се надеваме дека нема да помине долго а органзиаторот на концертот, „Авалон“ продукција, ќе ни го овозможат тоа.

Вториот дел на концертот, што го отвори песната „Breathe“, уште повеќе го зголеми електрицитетот во салата и со звукот и со светлосните ефекти. Вистинска посластица беше настапот на Ева Авила, еден од придружните вокали, која маестрално ја отпеја „ The Great Gig In The Sky“ за што беше нагардена со силен аплауз. Потоа се нижеа хитовите: „The Dogs of War, Have a Cigar“, а кога одекнаа звуците на акустичните гитари од култната I Wish You Were Here, повеќето од присутните пееја, а нивните лица едноставно светеа од среќа.

Прозвуче и „One of These Days“, кога се уверивме во мајсторството на членовите на групата, на која се надоврзаа Comfortably Numb и The Final Cut, по што бендот ги претстави своите членови и се повлече, а по громогласниот аплауз и силните извици браво, деветтемина музички волшебници не почестија со „Brain Damage“, „Eclipse“ и сосема за крај Run Like Hell, која освен со гитарските рифови ги одушеви скопјани и со визуелните ефекти, на баснословната расвета, што му даде една нова димензија на овој извонреден музички настан.