Скопскиот кавер-бенд „Реквием“ вечерва ќе одржи концерт во скопскиот ресторан „Рулет“, а настанот е насловен „Реквием бенд – 24 години подоцна“.

Бендот својата популарност ја доживеа во деведесетите години, и најчесто настапуваа во „Бистро“ (МНТ), меѓутоа првиот настап им бил токму во ресторанот „Рулет“ поради што таму симболично ќе одбележат 24 години од формирањето.

Покрај првата постава на бендот (Георги Гавровски, Роберт Пирнер и Милован Станковиќ), публиката ќе има можност да го види и гитаристот Југослав Милановски, кој во бендот е од 2001 година.

Гавровски денес работи како магионичар за деца во Скопје, Роберт Пирнер твори со бендот „Експлозив“ во Нови Сад, каде што и живее, додека Милован Станковиќ живее и работи во Словачка.