Марвел го објави првиот трејлер за новиот филмски спектакл „Црна вдовица“. Во главната улога се појавува русокосата Скарлет Јохансон, која ја игра Наташа Романоф. Публиката последен пат имаше можност да ја види во филмот „Одмаздници: Крај на играта“, со кој заврши филмската сага за одмаздниците.
Наташа и Хоки во овој филм се расправаат за тоа кој ќе го земе каменот на душата, а сѐ завршува трагично за црната вдовица.

Претстојниот филм ги следи настаните што ѝ претходеле на приказната за „Одмаздниците“ и всушност е прв филм во марвеловата, таканаречена фаза 4. Со фазата 3 заврши приказната, која траеше 12 години, а последен беше „Спајдермен: Далеку од дома“.

Филмот за Наташа Романоф го најавува новиот период на Марвел. Во трејлерот се гледа дека помали улоги во ова остварување имаат и Семјуел Л. Џексон и Џереми Ренер.
Филмот „Црна вдовица“ во кината ќе стигне на 1 мај 2020 година.