Светот со години е опседнат со убавиот изглед на жените од Данска, Норвешка и од Шведска

Скандинавките имаат сјајна кожа и покрај грубите временски услови специфични за Северна Европа. Тие знаат како да се грижат за себе и за својата кожа и да се заштитат од надворешните влијанија. Светот со години е опседнат со убавиот изглед на жените од Данска, Норвешка и од Шведска. Ако некогаш сте чуле за Елса Хоск, Фреја Беха Ерихсен или Фрида Густавсон, знаете за што зборуваме. Тие со децении се познати како една од најелегантните жени во светот. Пристапот кон животот е исклучително важен дел од холистичката природа на скандинавскиот свет на убавина. Во овие земји, здравата исхрана и сауната се сметаат за важни како постојана рутина за нега на кожата, а рамнотежата е на врвот на приоритетите.
Сауната е оружје за разубавување: одењето во сауна има различни придобивки за умот и телото и е совршен пример за тоа како здравиот живот придонесува за целокупното чувство на убавина. Истражувањата покажаа дека сауните може да бидат корисни за одржување на пХ-рамнотежата на кожата.

Пудрата не е задолжителна: пудрата не е задолжителна, но здравата исхрана е. Ако Скандинавците имаат заштитен знак, тоа е здрав и сјаен тен, а сепак не се големи љубители на користењето пудра, особено во текот на денот. Кога кожата е во добра состојба, нема потреба од ништо друго.
Веруваат во изреката „помалку е повеќе“: скандинавскиот начин на живот главно се заснова на филозофијата „помалку е повеќе“. Според експертите, ова важи во сите аспекти на животот, од убавина до работа. Сето ова води до значително пониско ниво на стрес. Затоа, Скандинавците се верни на нивната основна рутина за нега на кожата.
Скандинавките многу прифаќаат хиги: во скандинавската култура, времето поминато со најблиските е исклучително важно. Хиги е данска традиција, која се состои од интимни семејни собири, добра храна под светло на свеќа. Поентата е да се препуштите и да заборавите на надворешниот свет.
Вежбањето е вградено во нивниот животен стил: во земјите како Данска има илјадници велосипеди. Најдоброто нешто во врска со ова е што не мора да жонглирате со работниот ден за да го вклопите тренингот во вашиот распоред. Овој вид „тренинг“ доаѓа природно и, уште поважно, тој е бесплатен.