Марјановиќ и Ченовет

Србинот Бобан Марјановиќ (висок 222 сантиметри) привлекува внимание со потезите во НБА-лигата, како и со неговата појава, особено кога се дружи со славните личности, земајќи предвид дека и повеќето кошаркари делуваат ниски покрај него.

Кошаркарот на Лос Анџелес клиперс се запозна со актерката и пејачка Кристен Ченовет, која беше повикана да ја испее американската химна во пресрет на мечот со Оклахома Сити тандер. Нивната средба им беше интересна на медиумите поради разликата во висина, бидејќи Американката е висока 150 сантиметри.

Средбата со Ченовет го привлече вниманието на медиумите

Српскиот џин честопати објавува фотографии од средбите со славните личности на Инстаграм. Тој се сликаше со актерот Силвестер Сталоне (177 см), пејачката и актерка Џенифер Лопез (164 см), како и со манекенката Алесандра Амброзио (176 см). Сопругата на Марјановиќ, Милица, е пониска од него за 61 сантиметар.

Силвестер Сталоне (во средина) во друштво на кошаркарите Марјановиќ (лево) и Андре Драмонд
Во друштво со Џенифер Лопез
Српскиот кошаркар и Алесандра Амброзио
Заедно со сопругата