Во премиерното издание од подкастот на принцот Хари и на неговата сопруга Меган Маркл на „Спотифај“, можеше да се чуе нивниот син Арчи како кажува „среќна Нова година“ со американски акцент, како што тоа го протолкуваа слушателите.

Во емисијата учествуваат луѓе од светот на уметноста, политиката и од спортот. Меѓу нив се Стејси Ејбрамс, готвачот Хозе Андрез, актерите Дипак Чопра, Џејмс Корден и Тајлер Пери, пејачот Елтон Џон, тенисерката Наоми Осака и други познати личности.

На крајот од емисијата Арчи се обратил на обожавателите со „среќна Нова година“.

Хари и Меган не го изложуваат малечкиот Арчи во јавноста. Последен пат јавноста можеше да го види на семејната фото-честитка за Божиќ.