Извршниот директор на „Спејс екс“ Илон Маск го објави раѓањето на неговиот син во понеделнико, пренесува Би-би-си.

– Мајката и бебето се добро – напиша тој на Твитер.

Маск објави дека детето ќе се вика „X Æ А-12“. Маск и неговата девојка подоцна на дадоа и објаснување за името на социјалните мрежи.

Името X Æ A-12 е меѓу водечките теми на Твитер, а многумина прашуваа како ќе се изговара името.

Што значи името?

Кога Маск е познат по шегувањето на Твитер, па многумина се прашуваа дали тој е сериозен, по објавувањето на името.

Меѓутоа, неговата партнерка, канадската пејачка Грајмс, чие вистинското име е Клер Баучер, им го објасни на нејзините обожаватели значењето на името.

Симболот „Æ“ комбинација од буквите „a“ и „e“, познат како пепел, се појавува во латинскиот и староанглискиот, но главно не е во употреба. Меѓутоа, на некои јазици, како што се данскиот, норвешкиот и исландскиот, „Æ“ се класифицира како буква.

Пејачката порано го користела, именувајќи песна на нејзиниот последен албум „4ÆM“.

А-12 е авион на „Локид“, произведен за ЦИА. На дизајнерите за време на неговиот развој им бил познат како „Архангел“.

Таа исто така тврди дека „Архангел“ е нејзината омилена песна, но не објаснува од кого е песната.

Останува нејасно како се изговара името. Меѓутоа, кога некој на Твитер го прашал Маск дали изговорот може да биде „Х Еш Архангел“, на Маск му се допаднал коментарот, со што сугерира дека името така може да звучи.