Во текот на победата на Јувентус од 1-0 над Милан во Серија А, камерите на „Скај спорт Италија“ „уловија“ една атрактивна навивачка на клубот од Торино. Двете секунди во кои таа беше на ТВ-екраните и го сменија животот.

Новинарите бргу го открија идентитетот на девојката. Се работи за 21-годишната Франческа Таје, која веќе стана ѕвезда – од само седум следбеници на Инстаграм, таа сега има над 100.000.

– Навистина не го очекував тоа. Не е првпат да одам на натпревар, но овојпат навистина ми се погоди. Неколку часа по мечот, почнав да добивам нови слебедници на Инстаграм. Секако, пријатно сум изненадена – вели Франческа во интервју за „Радио бјанконера“.

Франческа е студентка на Универзитетот за комуникација и јазик во Милано.