Синди Крафорд се огласи на Инстаграм размислувајќи како да го прослави доаѓањето на новата година на незаборавен начин.

– Откривање начини да направиме новогодишната ноќ дома да биде посебна (покрај светкава облека и добра плејлиста) – напиша 54-годишниот поранешен супермодел на својот инстаграм-профил, прашувајќи „има ли идеи?“

Иконата на модните писти доби одговори од славни пријатели, вклучувајќи ја и колешката супермодел Хелена Кристенсен, која напиша „текила и црвени усни“.