Пејачката Симона Поповска, по песната на англиски јазик „Feel so good“, подготви уште едно музичко изненадување за своите обожаватели по повод претстојните празници. Станува збор за песната насловена „За Нова година“, чиј автор е продуцентот и диџеј Ерик Фокс, додека текстот го напиша Рената Кралевска, која ги отпеа и придружните вокали, а гостин на саксофон е Љупчо Џедомирски.
– Драги мои, од срце ви ја подаруваме песната „За Нова година“ и посакуваме сите заедно да ги сплотиме нашите желби, за подобро утре, година без пандемија и за нов почеток. Уживајте во овој празничен дух и расположение во најубавиот дел од годината – порачува Симона.