Симболот за алатката блутут е направена со комбинација на иницијалите на Харалд Блутут, крал од Данска, кој владеел и со Норвешка во 10 век. Според информациите од старите текстови, тој имал „темен мртов заб“, кој бил со темносина или црна боја. Шведската телекомуникациска компанија „Ериксон“ го направила и избрала симболот за нивната технологија во чест на кралот Харалд и неговата способност да ги обединува луѓето и да промовира мирољубиви преговори.