Кејт и Вилијам ја сменија својата стратегија во инстаграм-војната со Хари и Меган за придобивање на обожаватели на платформата за споделување фотографии, пишуваат светските медиуми.

Војводата и војвотката од Кембриџ објавија нова фотографија на нивниот личен профил, што е протолкувано како „засилување на борбата“, објаснува експертката за кралското семејство Софија Мани Коутс, за британски „Експрес“.

Сега и двете двојки имаат над 11 милиони следбеници, но интересно е што војводата и војвотката од Сасекс немаат профил на Твитер, каде што Вилијам и Кејт водат за безмалку два милиона обожаватели.

Коутс нагласува како е забележителна употреба на ново „оружје“ од страна на Кејт и Вилијам, преку објавување на романтична фотографија на која тие се сами во природа. Тие неодамна биеа во Ирска, по што ги споделиле своите впечатоци на Инстаграм.

На објавената  фотографијата од Ирска Кејт и Вилијам се прегрнати. Хари и Меган постојано се држат за раце, па се смета дека војводата и војвотката од Кембриџ испраќаат порака оти и тие се вљубени и го можат истото. Според Коутс, објавувањето на ваква фотографија било незамисливо до пред неколку години, што претставува доказ за разгорувањето на војната на Инстаграм.

Кејт и Вилијам се познати по нивната приватност и ретко покажуваат знаци на наклонетост во јавност. Но се чини како двојката стана поопуштна изминативе неколку години.

Робин Кермод, експерт за говор на тело, објаснува дека британската кралица Елизабета Втора, со тоа што никогаш не била многу блиску до својот сопруг, принцот Филип, во јавност, создала правило кое го почитуваат најблиските припадници на кралското семејство.

Со оглед на тоа што се очекува војводата од Кембриџ еден ден да стане крал, тој и Кејт се внимателни во покажувањето на наклонетост во јавност, пишува „Експрес“.

Евидентно е дека Кејт и Вилијам се емотивно блиски, но според се, немаат потреба да ја докажуваат својата љубов кога извршуваат официјални должности, заклучува Кермод.