Сценаристот Жак Пен е одговорен што книгата „Реди плеер уан“ е адаптирана за филм. Во неговата биографија се наоѓаат и наслови како „Икс мен 2“, „Одмаздници“, „Последниот акциски херој“ и други.

Неговиот следен потенцијален проект може да биде најамбициозен, затоа што неговото име се поврзува со оживување на филмовите „Матрикс“. Веќе една година е вклучен во продукцијата, а во последното интервју вели дека проектот за „Матрикс“ сѐ уште е активен.

– Моментално работам на филмот „Матрикс“. Овој филм е во една фаза на развој. Ова е франшиза што едвај чекам да ја видам на филмското платно, но не можам да откривам детали. Можам само да кажам дека со години го малтретирав „Ворнер Брос“ да се обидеме да го почнеме овој проект. Но тоа е само еден од проектите на кои работам, инаку ги имам еден куп – вели Пен.

Тој додава дека Матрикс и ОАСИС, односно виртуелниот свет во филмот „Реди плеер уан“ се слични, во тоа што и двата имаат брилијанти идеи за универзумот.