Компанијата „Фејсбук“, заедно со неколку телекомуникациски компании, финансира проект за поставување на најдолгиот подводен кабел во светот.
Станува збор за проектот наречен „2Африка“, кабел што ќе биде долг 37.000 километри и кој ќе ги поврзува Африка, Европа и Азија, откако ќе добие нов дел наречен „2Африка перлс“. „Фејсбук“ минатиот месец соопшти дека конзорциумот ќе го продолжи кабелот до Сејшелите, Коморите, Ангола и југоисточна Нигерија. Новиот сегмент би резултирал со вкупна должина од повеќе од 45.000 километри.
Како што сугерира името, целта на иницијативата „2Африка“ е да им овозможи на луѓето што живеат во Африка да се поврзат со интернет, која во моментов е најслабо поврзан континент.
Потпретседателот на „Фејсбук“ за мрежна инфраструктура, Кевин Салвадори, рече дека структурата ќе им служи на поголем број луѓе отколку што првично било планирано.