Првата зоолошка градина на Арктикот, каде што животните ќе живеат во природно опкружување, ќе биде отворена во Џамалија, најави гувернерот на овој регион на крајниот север на Русија, Дмитриј Артуков.

– Во зоолошката ќе има само една зграда, во која ќе бидат сместени природонаучниот музеј, канцеларии, кафулиња, продавници за сувенири, додека животните ќе бидат во природно опкружување – вели Артуков.

Како што пренесе агенцијата ТАС, тој потврдил дека на изградбата на Арктичкиот музеј веќе работи тим од стручњаци.

Регионот Џамалија е создаден во 1930 година и во најголемиот дел му припаѓа на северниот арктички круг, со исклучително студена клима, додека одделни делови се наоѓаат на северниот дел на Урал.