„Скопје фотовик“ шеста година по ред ги обедини сите фотографи и видеографи од Македонија и од регионот за да ја раскажат својата приказна и да ги унапредат своите вештини. Учесниците имаа можност да учат од професионални фотографи и уметници од своите полиња на дејствување и да дознаат кои се новите техники на работа, но и да ги подобрите постојните.
– Шест години разменуваме искуства, прошируваме познанства и градиме нови пријателствата – велат организаторите
Во рамките на настанот работилница имаа Владо Ѓоргиев, на темата „Сток фотографија“, Орце Поповски, на темата „Полковник или покојник – Адаптација на ковид-реалноста“, Душан Кардалевски, на темата „Кинематографија“, а Ани зборуваше за фотоедитирање.
– Скопје е град познат по својата разноличност, шареноликост и е град на контрасти. Огромен број фотографии се случуваат секој ден на неговите улици и во неговите паркови, мемории уловени во дигитален формат. Тие ја раскажуваат приказната за душата на градот и луѓето што живеат во него.
„Скопје фотовик“ е шести по ред настан во организација на „Ангеловски фотографија“ и „Грег момент“ (Полска), кој се одржува традиционално секоја година – додаваат организаторите.