Древниот манастир на капучинските отци во италијанската општина Сансеполкро го објави своето конечно затворање затоа што главната монахиња одлучила да го напушти манастирскиот живот. Таа се заљубила во маж и си заминува, а бидејќи не може да ѝ најдат замена во манастирот, ќе мора да го затворат, пишува „Ла Република“.

Сестрата Марија Тереза ​​Саценте (40) ја раскина љубовната врска, но не сака да го продолжи својот живот како монахиња.

– Она поради што страдам, ќе ме обележи во целиот мој живот и ќе ми биде тешко во иднина да имам каква било врска со Црквата – изјавила таа за италијанските медиуми.

Таа додала дека луѓето се тажни поради затворањето на манастирот како што е и таа.

Не е објавено дали монахињата одлучила да се повлече по своја иницијатива. На прашањето од страна на медиумите дали причината е приказната за љубовта, таа одговорила: „Тие сакаат да го кажат тоа на тој начин, но тоа е многу покомплицирано отколку што изгледа“.