Бесправното сечење на шумите во Амазонија е зголемено за 43 проценти во април, во споредба со истиот период минатата година, покажуваат податоците на бразилската влада.
Во првите четири месеци на 2021 година се исечени 1.157 квадратни километри шуми во областа Амазонија, што одговара на големината на Лос Анџелес, пренесува агенцијата Ројтерс.
Бразил е под голем меѓународен притисок, пред сѐ од САД, да го запре уништувањето на најголемата тропска прашума на планетата, која е клучна во запирањето на катастрофалните климатски промени, бидејќи апсорбира големо количество штетни гасови.