Сер Дејвид Атенборо, Дени Дајер и Џоди Вајтејкер се меѓу познатите личности што ќе му помагаат на Би-би-си да ги едуцира учениците во текот на изолација среде пандемија на коронавирусот, објави британскиот јавен сервис. Фудбалерот Серхио Агуеро, Ед Тоус и професорот Брајан Кокс исто така се вклучени во иницијативата за виртуелно учење.

Започната на денот кога децата требаше да се вратат на училиште, шемата нуди 14 недели учење засновано на наставата. Програмата е најголема понуда за образование во историјата на Би-би-си.

– Горди сме што успеавме да собереме толку многу луѓе што ќе понудат разновиден пакет за да им помогнат на децата и на родителите во Велика Британија во ова тешко време. Рековме дека Би-би-си ќе биде тука за да им помогне на луѓето во текот на оваа криза и тоа го мислевме – рече Алис Веб, директорка на Секторот за деца и образование на британскиот јавен сервис.
Училиштата во Велика Британија се затворени од 20 март за да се спречи ширењето на ковид-19.