Серија концерти на наши артисти и едно гостување од Србија ќе се одржат вечер во МКЦ.

Од 20 часот ќе настапат Марија Каева (промоција на новиот албум „Фортуна“), Тодор Караколев, диџеј сет Мирко Попов, диџеј Магија во живо и од Србија – Фантом.

– Фантом е ново име на регионалната музичка сцена, проект зад кој стои името на Петар Вагнер. Со години усовршувајќи ја својата умешност на креирање музика, текстови и аранжмани за други изведувачи, Вагнер на почетокот на 2019 одлучува да поработи на свои песни. Набргу потоа доаѓаат песните што Вагнер во своето белградско студио ги завршува со Луна Шкопеља, каде што Вагнер и Шкопеља со своите аналогни срца свират на дигитални инструменти и создаваат некои интересни и нови звуци. Во втората половина на 2021 Фантом објавува своја колекција на синглови и три необјавени песни под насловот „Ноќни приказни“, како своевиден заклучок на својот креативен период, а моментално работи и на нов материјал и најавува свој прв студиски долгосвиречки албум – посочуваат од МКЦ.

Тодор Караколев е пејач-песнописец и електронски продуцент. Создава композиции со силен емотивен набој и луцидна лирика. Повеќе од две децении, Марија Каева е добро познато име на македонската музичка сцена. Вечерва ќе го промовира новиот албум „Фортуна“.

Специјални гости на концертот со настап во живо ќе бидат скопските диџеј Магија.