Од „Оринџ ис д њу блек“ до „Биг бенг тиори“, во прилог 11 серии што ќе завршат годинава

1. „Игри на престолот“ (2011)
Немојте да очекувате змејови во „Игри на престолот“.
Една од најдобрите серии на сите времиња завршува со своето прикажување во 2019 година, но продолжува најверојатно во форма на неколку спин-оф серии. Осмата и последна сезона на „Игри на престолот“ доаѓа во април 2019 година.

2. „Оринџ ис д њу блек“ (2013)
Последната сезона на оваа популарна серија премиерно ќе биде прикажана на „Нетфликс“ во 2019 година. Оваа сезона ќе биде седма и последна. Серијата првпат беше претставена во 2013 година и е базирана на вистинската приказна на Пејпер Керман.

3. „Биг бенг тиори“ (2007)
По 12 години „Биг бенг тиори“ завршува. Овој ситком е еден од најдолгите во историјата на телевизијата. Серијата се емитува 12 години и освои разни награди и за содржината и за актерството. Дури и актерите од серијата – Џим Парсонс, Кели Куоко и Меијм Бијалик – освоија многу награди за нивната фантастична актерска игра низ годините. Сепак, поради желбата на некои од актерите да продолжат со кариерата во други насоки, серијата годинава завршува со продолженијата.

4. „Господин Робот“ (2015)
Психолошката трилер-серија „Господин Робот“, со Рами Малек во главната улога, наскоро ќе ја има четвртата и последна сезона. Минатата сезона беше предвидено да има 8 епизоди, но подоцна сепак доби 12. Серијата се фокусира на животот на Елиот Олдерсон, млад хакер чија главна цел е уништување на „Евил Корп“, кој има премногу контрола врз општеството.

5. „Џејн д врџин“ (2014)
Серијата чиј главен лик е Џинa Родригез ќе финишира со петтата сезона. Лидерката на серијата Џени Снајдер Урман е многу возбудена околу последната серија и вели дека едвај чека да почне да се емитува. Премиерата е закажана за март 2019 година.

6. „Брод сити“ (2014)
Популарната серија „Брод сити“ се приближува кон својот крај во петтата сезона. Продуцентка на серијата е Ејми Полер, а ѕвезди на серијата се Аби Џексон и Илана Глејзер. Серијата ги следи овие две жени низ нивните секојдневни животи во Њујорк.

7. „Изи“ (2016)
Неодамна е обновена нетфликсовата серија, за третата и последна сезона. Џо Сванберг, креаторот на серијата, е познат по романтичните филмови, каде што ги охрабрува актерите сами да импровизираат во своите дијалози. Датумот на третата сезона сè уште не е откриен, но се знае дека тоа ќе биде некаде во 2019 година на „Нетфликс“.

8. „Транспарент“ (2014)
Оваа телевизиска серија се приближува кон својот крај, откако Џефри Тамбор е отстранет од серијата за наводни сексуални обвиненија. Последната епизода ќе биде објавена во 2019 година. Петтата сезона ќе биде последна, а креаторот на серијата, Џил Соловеј, откри дека последната епизода ќе биде двочасовен мјузикл.

9. „Серија за несреќни настани“ (2017)
„Нетфликс“ ја пушти во етер третата и последна сезона на оваа серија на 1 јануари 2019 година. Серијата се базира на книга за младите од Лимони Снекет. Приказната со црн хумор за братот и сестрата Бодлер, кои се соочуваат со несреќни настани додека се обидуваат да избегаат од нивниот злобен чичко Олаф, кој го глуми Нил Петрик Харис.

10. „Анбрјкабл Кими Шмит“ (2015)
Серијата завршува годинава, но во соработка со „Нетфликс“, наводно, се планира да се направи филм со Кими, Тит и со Лилијан.

11. „Шадоухантерс“ (2016)
Оваа научнофанатстична серија ќе заврши во 2019 година со третата сезона. Серијата се базира на книгата „Мортал инструментс“, која има одлична база на обожаватели. Серијата ќе има две дополнителни епизоди во последната сезона. Целото име на последната сезона е „Шадоухантерс: Д фајнал хант“.