Мисијата на општеството е да ја комплетира работата на христијанството, која започнала пред 1.800 години, и да се создаде општество врз принципот на еднаквост и братство. За да се постигне тоа, биле потребни два чекора: обезбедување општо образование за сите и укинување на бедата, со што ќе се признае правото на живеење

Сен-Симон најчесто се именува како основач на модерниот социјализам, но многу е тешко може да се каже дали Сен-Симон изградил вистинска социјалистичка позиција или карактеристична социјалистичка теорија, неколку години пред својата смрт.
Во октомври 1814 година, Сен-Симон го објавил својот есеј „Во врска со реорганизацијата на европското општество“. Во ова дело искажал неколку тези. Дека одделните европски народи треба да се обединат во рамките на едно политичко тело, притоа да ја зачуваат својата независност. Според Сен-Симон, несомнено ќе дојдело времето кога европскиот општ интерес ќе доминира над националниот, а општествената мизерија и угнетување ќе престанат да постојат. Проблемите што го загрозуваат мирот ќе исчезнат, а војните во Европа ќе престанат да се водат. Златната ера на човечката раса не е зад нас, туку пред нас, таа лежи во усовршувањето на општеството.
За до објаснување на своите теории, во 1818 година го објавил делото „L`industri“. Своите тези продолжил да ги развива во делата „L`Organisateur“ (1819), „Du Systeme industrial“ (1821) и „Catahisme des Industries“ (1823).
Последно и најважно дело во кое ги претставил своите идеи е „Nouveau Christianisme“, објавено во 1825 година. Според Сен-Симон, мисијата на општеството е да ја комплетира работата на христијанството, која започнала пред 1.800 години, и да се создаде општество врз принципот на еднаквост и братство.

За да се постигне тоа, биле потребни два чекора: обезбедување општо образование за сите и укинување на бедата, со што ќе се признае правото на живеење. Оттука, државата требало да обезбеди поголеми финансиски средства за образованието и работа за сите што немаат средства за издржување на себеси и своите семејства. Неговото учење било условено од Француската револуција, како и од феудалниот и воениот систем што сѐ уште преовладувале во Франција.
Како критичар на политичко-економската состојба, која настанала со револуцијата од 1789 година, Сен-Симон инсистирал дека е потребна нова и позитивна реорганизација на општеството. Во однос на остатоците од феудално-воениот систем, Сен-Симон предложил дека економските водачи треба да го контролираат општеството, а средновековната црква да биде заменета со науката на човекот.

Сен-Симон посакувал економска држава предводена од модерната наука. Неговата школа инсистирала дека способноста и заслугата треба да бидат основа на општеството, барајќи социјален поредок во кој секој човек ќе биде поставен според неговите способности и награден според неговата работа.
Во однос на семејството и меѓуполовите односи, Сен-Симон се залагал за целосна еманципација на жената и нејзина еднаквост со мажите.