Членовите на семејството на легендарниот пејач од Јамајка, Боб Марли, планираат да започнат со производство на свој вид психоделични печурки.

Тие планираат да лансираат сопствен бренд, што го доби името „Марли оне“. Производството ќе вклучува голем број функционални тинктури на печурки од различни видови, кои ќе понудат голем број ефекти корисни за здравјето и имунитетот, пишува „Форбс“.
– Кога јас и Боб бевме млади, следевме строга, природна исхрана, која вклучуваше и медицински печурки. Тие се вклопуваа во нашата визија за добра трансформација на светот, со помош на природни производи – рече сопругата на Марли, Рита Марли.
Семејството Марли во 2014 година го лансира, како што го нарекоа, првиот глобален бренд марихуана. Организацијата „Марли начурал“ продаваше разни лосиони, креми и други производи што содржат додатоци на марихуана.

Боб Марли почина од рак во мај 1981 година. Тој го сметаше канабисот за составен дел од неговата вера – растафаријанството – и активно се залагаше за легализација на марихуаната.