Родителите на 30-годишниот Американец Мајкл Ротондо го тужеле нивниот син оти не сакал да се пресели од куќата и да живее сам, пишува Си-Ен-Ен.

Судските документи покажуваат дека тој не плаќа станарина и не помага во домашните работи, а ја одбил и понудата на неговите родители да му ја платат преселбата.

Кристина и Марк Ротондо тврдат дека Мајкл и по пет писма во коишто се известува дека мора да се исели, тој одбива тоа да го направи, тврдејќи дека „не го известиле навреме”.

Откако ги разгледал аргументите на двете страни, судот пресудил во корист на родителите и наредил Мајкл да биде исфрлен од куќата.

Мајкл изјавил дека ќе се жали на пресудата, дека не разговара со своите родители и дека е премногу зафатен за да најде работа.