Стигна и првиот трејлер за драмата „Проект колибри“ (The Hummingbird Project), напната и комична приказна за финансиски грабеж со фантастична актерска екипа.

Филмот донесува остри обвиненија на сметка на американскиот финансиски систем.

Новото филмско остварување на канадскиот режисер и сценарист Ким Ноувен ја следи приказната на професионалните трговци што ја градат подземната линија на оптичките кабли меѓу Канзас Сити и Њујорк, која ќе овозможи побрзо котирање на берзата. Меѓутоа, тие ќе мораат тоа да го реализираат тоа пред да бидат уловени од бившата шефица, чија улога ја игра Селма Хаек.

Трговците Винсент и Антон Зелески во филмот ги глумат Џеси Ајзенберг и Александер Скарсгорд. Освен нив, во филмот се појавуваат и: Мајкл Мандо, Џоан Хелденберг, Аиша, Иса, Сара Голдберг, Френк Скорпион и многу други.

„Проект колибри“ премиерно ќе биде прикажан на 15 март во САД, а потоа ќе тргне во светска кинодистрибуција.