Селин Дион ќе се појави во новата романтична драма „Порака за тебе“, во која ќе соработува со Сем Хјуен и со Пријанка Чопра Џонас, пишува „Вераети“.
Овој филм е римејк на германскиот филм „Порака за тебе“ (SMS Fur Dich), базиран на книгата на Софија Крамер. Заплетот на филмот ја раскажува приказната за жена што по трагичната смрт на нејзиниот сопруг продолжува да испраќа пораки на неговиот стар мобилен телефон. Наскоро открива дека бројот сега го користи човек што живее на другата страна на градот и кој исто така страда од невозвратена љубов.
За режијата на ова остварување е задолжен Џим Страуз, а за продукцијата Базил Иваник, Ерика Ли и Естер Хорнстајн.