Користењето интернет во Европската Унија забрзано расте

Според податоците на Еуростат, во 2019 година, 87 проценти од граѓаните на ЕУ на возраст меѓу 16 и 74 години користеле интернет, со тоа што најмногу го користеле граѓаните во Шведска, односно 98 проценти, а најмалку, 68 проценти, во Бугарија.
Граѓаните на ЕУ најчесто ги користеле услугите за електронска пошта, проследени со информациите за стоки и услуги, испраќање кратки пораки, читање интернет-весници и списанија, а секој петти корисник продава стоки и услуги преку интернет.
Околу 57 отсто од граѓаните на ЕУ користат интернет за да бидат активни на социјалните мрежи, за да бараат здравствени информации, за да слушаат музика и за да остварат телефонски или видеоповици.

Истражувањето покажало дека за онлајн-учење е заинтересиран секој четврти корисник на интернет во ЕУ, додека 30 отсто од корисниците преземаат и споделуваат содржини што сами ги создале.
Користењето интернет во Европската Унија забрзано расте од 2007 година, кога го користеле 57 проценти од граѓаните.