Повеќето од нас не можат да пронајдат начин како да заштедат извесна сума пари. Но сте си го поставиле ли прашањето како да ги искористите тие пари за да го зголемите својот имот. Седуммина успешни инвеститори и милионери, кои самите се заслужни за својот статус, ги споделиле своите идеи како 100 долари да претворите во милион.

1. Вложете во нешто што го сакате

Тешко е да се стекне богатство. Или морате трпеливо да штедите, да заработите пари преку деловни договори или да инвестирате. Создавањето сигурност бара многу поголемо штедење отколку што сте мислеле. Исто така скапо е да се продолжи со развивање на бизнисот откако сте постигнале успех. Размислете најпрво во што би инвестирале. Пронајдете група луѓе во кои имате доверба и комбинирајте ги вашите 100 долари со нивните, за да направите поголема инвестиција.
– Можете во работата да вложите и емоции. На пример кај недвижностите, секогаш изберете ги оние каде што вие би живееле, ако тргне на лошо. Но кој било пристап да го изберете, тоа нека биде она што го сакате, зашто тоа гарантира дека ќе бидете добри во тоа – вели сопственичката на брендот „Скинигрл бетени франкел“.

2.Купувајте и продавајте предмети од пазар за стари предмети

Одете на пазар за стари предмети и најдете нешто што е потценето. Потоа пребарајте на „И-беј“ какви се цените на овие производи. Доколку е голема разликата во цената, продадете ги работите и заработете. Остатокот од 100-те долари искористете го за покривање на трошоците (превоз и испраќање).
– Но потоа доаѓа потешкиот дел. Морате да го зачувате она што сте го заработиле. Кога имав 20 години не одев на одмор и не купував разни предмети. Наместо тоа штедев, па кога наполнив 30 веќе имав стотина илјади долари. Тогаш сите ги вложив и заработив милион. Едноставно мораш да бидеш трпелив – вели Гери Ваyнерчук, основач и главен извршен директор на компанијата „ВаyнерX“.

3.Унапредете се и инвестирајте во себе

– Секако, има луѓе што вложиле во себе во вистинско време и стекнале големо богатство. Доколку сте издвоиле 100 долари во биткоини во 2010 година, тоа ќе ви се исплатело. Но, според мене, тоа е како да играш на лото. Посигурен начин е да се збогатите за само 100 долари и да ги вложите во книга, аудиопрограма или настан што ќе ви помогне да бидете поуспешни. Потрошете ги парите за развивање нови вештини, стекнување знаења и воспоставување силни врски. Бидејќи кога инвестирате во себе не можете да загубите – вели Грант Кардоне, стручњак за продажба, кој создал царство на недвижности во износ од 750 милиони долари и е најпродаваниот автор на „Њујорк тајмс“.

4. Научете нешто што ќе ви донесе многу пари

– Ако немате пари за почнување бизнис, тогаш ништо не почнувајте. Наместо тоа, потрошете ги своите 100 долари на книги или за некоја обука, за да научите некои вештини што ќе ви донесат заработка од 10.000 долари месечно. На пример, одберете вештина што овозможува голема заработка како: програмирање, маркетинг или продажба. Потоа проценете го и вложете го профитот. На тој начин ќе создадете вистинско мало богатство. Но тоа нема да се случи прекуноќ, па затоа правете мали чекори – вели Ден Лок, глобален едукатор, автор на книгата „Отклучи!“ и основач на фирмата „Клозерс.ком“.

5. Напишете е-книга

– Пред 6 години ангажирав некого за 100 долари да ја дизајнира мојата прва е-книга. За изработката ми беше потребна една недела, а сѐ што морав да направам беше да напишам копија. Оттогаш книгите се продаваат на автопилот, а резултатот е мојата заработка од најмалку 100.000 долари. Беше шокантно лесно, навистина. Едноставно, обратете се до сајтовите што се појавуваат на Гугл кога барате тема за новата е-книга. Понудете се да им платите провизија за која било продажба што ќе ви ја испратат. Кога ќе ги искористите нивното влијание и довербата што ја имате кај својата публика, дури не мора да правите ни веб-сајт – вели Брус Велкер, главен извршен директор на компанијата за онлајн едукација „Краш емпаер“.

6. Купете повеќемилионска зделка со пари на други луѓе

– Не ви се потребни ни 100 долари за да купите некое добро претпријатие. Многумина од генерацијата „бејби бум“ (личности родени две децении по Втората светска војна) бараат некој сигурен за преземање на нивните повеќемилионски зделки, за да можат да се повлечат. Логично е да преговарате за тоа да плаќате само 30 отсто од куповната цена при затворање. Финансиските институции специјализирани за овие проблеми ќе ви позајмат пари и со текот на времето ќе платите 70 отсто, користејќи ја заработката од работата. Не ви треба дури ни искуство – само морате да пронајдете бизнис што постои веќе 5 или 10 години. Зошто денес сите го прават тоа? Бидејќи формирањето нов Убер или Фејсбук изгледа попривлечно од купувањето професионални услуги или претпријатие – вели Моран Побер, основач и извршен директор на компанијата „Аквизишн“ и бивш партнер во компанијата „Векикс и АБД Асетс“.

7. Создадете личен бренд

Можете да заработите милиони така што ќе создадете сопствен бренд како влијателна личност на интернет или како личен бизнис. Но секој може да има глас благодарение на социјалните мрежи. Со толку многу брендови што имаат онлајн понуда, тајната на успехот е создавање доверба.
– Оваа порака треба да се заснова на вашите лични проблеми, кои би ги решиле со вашата оригинална идеја. Луѓето ќе ве следат само доколку разберат зошто го правите тоа и доколку се идентификуваат со вашата мисија. Снимете видео во кое е прикажана вашата приказна, а потоа вложете и 100 долари за да ја изрекламирате – вели Торбен Платзер, основач и главен извршен директор на агенцијата „ТПА Медиа ГмбХ“.