Поради заштита од пандемијата со ковид-19 и почитување на мерките за заштита од вирусот, годинешното прославување и одбележување на патрониот празник Свети Никола во Прилеп е различно од претходните години. Според најавите од општината, изостанува традиционалниот светиниколски ручек во центарот на Прилеп. Празникот се одбележува со присуство на градските власти и домаќинот, на литургијата во црквата „Св. Благовештение“ и со кршење на погачата и палење свеќи кај параклисот во центарот на градот.
Годинашниот домаќин Тони Тарунџиоски вели дека е подготвен и идната година да биде домаќин и празникот да се одбележи според традицијата. Во Прилеп празникот Свети Никола се одбележува масовно. Речиси на секое второ семејство му е и домашна слава. Токму затоа градоначалникот Илија Јованоски упати апел до граѓаните да ги почитуваат заострените мерки што деновиве ги донесе Владата и празникот да го одбележат само во кругот на своето потесно семејство.