Фотографиите објавени на социјалните медиуми од црквата „Свети Амброус“ го прикажуваат свештеникот Тимоти Пелк како прска света вода во прозорецот на автомобил, додека стои пред скалите на црквата. Тој носи маска, штит за лице и гумени ракавици како дополнителни мерки на претпазливост против ширење на коронавирусот, објавува „Гардијан“.

Фотографиите со свештеникот пред црквата во Грос Поинт парк се направени на Велигден, но неодамна станале популани на Интернет.

Пелк во изјава за „Базфид“ вели дека е малку загрижен за тоа како Ватикан може да реагира кога фотографиите со него како прска света вода почнаа да се шират на интернет. Но, додава „сè уште не сум слушнал ништо“.

Идејата беше да се најде начин да се продолжи традицијата за благословување на велигденските корпи и покрај пандемијата. На една фотографија е прикажано дека Пелк стои зад автомобил со отворена врата, и прска со вода во корпа со цвеќиња. Тој рече дека има „малку откачен ум и но заедница која тоа го прифаќа“.

Црквата и околните заедници ја сфатија сериозно пандемијата, рече Пелк. Парохијаните врзале сини панделки на дрвјата во црквата за секое лице кое починало од ковид-19 во Мичиген. Тој број сега се приближува до 5.000.

Во главниот град на американската сојузна држава Мичиген се одржуваат демонстрации со вооружени демонстранти против мерките на гувернерот да останат дома. Но, според свештеникот Пелк тие не го одразуваат расположението на неговата заедница.

Тој  вели дека се надевал оти следната недела ќе почне да одржува служби во црква, но се обидува да најде доброволци од неговата црковна заедница за да му помогнат да ги организира со запазување на мерките за социјално дистанцирање.

– Луѓето велат дека се уште не сакаат да излегуваат. Се уште постои многу страв и не ги обвинувам – додава Пелк.